За помалку од 2 месеци започнува 2023-та година, година во која нашата општина ќе добие нов лик, онака како што заслужува. Градежната офанзива која е предвидена за наредната година е она што му е потребно на Прилеп со цел враќање на стариот препознатлив сјај – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
-Дел од проектите кои ќе се реализираат: Рехабилитација на повеќе од 50 улици, или вкупна површина од 68.000 м2; Изградба на монтажни катни гаражи; Изградба на кружен тек (кај Тинекс); Изградба на главен довод до населено место Канатларци; Комплетна реконструкција на влезот Крушево-Прилеп, односно улицата „Леце Котески“;
Ова се само дел од многуте проекти кои ќе се реализираат во 2023-та година, а граѓаните на општина Прилеп ги заслужуваат. Исто така ќе се посветиме и на поголема поддршка во областа на спортот, културата и одржувањето на многубројни манифестации за Прилеп и прилепчани. Со реализација на истите ја оправдуваме довербата која од вас ја добивме пред 1 година. Продолжуваме посветено за општина Прилеп – напиша Јовчески.