Јовчески: “Во Прилеп се правеле во просек само по 10 тестови дневно, дали неконтролираното делење пакети е причина за ново жариште?” (Видео)

И после речиси два месеци од почетокот на пандемијата со корона вирусот во Македонија, Прилеп сеуште не мирува. Градот од почетокот на оваа здравствена криза е трето жариште во државата, а нови случаи со заразени лица од вирусот имаме секојдневно – истанка на денешната прес конференција Д-р Борче Јовчески, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп.

Прес конференцијата ви ја пренесуваме во целост во продолжение:

“И покрај тоа лидерот на СДСМ, Зоран Заев инсистира на брзи избори кои во една ваква ситуација можат да бидат опасни по здравјето на граѓаните.

Сепак, Заев треба да го разбериме. Во услови кога неговата партија се распаѓа, економијата е пред колапс, а се погласни се критиките дури и во неговите редови, не му останува ништо друго, туку по цена на здравјето на граѓаните да се надева на што помал пораз на изборите.

Освен брзањето на Заев, Прилеп се соочува со уште еден голем проблем, а тоа е бројот на тестирања кои се извршени досега.

Како што извести градоначалникот Илија Јованоски, до пред десетина дена во Прилеп биле направени само 642 тестирања за Ковид -19. Тоа почитувани сограѓани значи дека здравствените власти вршеле само по десет тестови во просек во изминатите 2 месеци во Прилеп.

Поради тоа денеска прашуваме,

Дали бројката од 184 досега заболени лица е реална, или пак можеби оваа бројка е поголема?

Дали властите планираат да спроведат скрининг процес на повеќе категории граѓани во Прилеп, со цел откривање на сите асимптоматични случаи?

Исто така, го прашуваме градоначалникот и здравствените власти, дали е точно дека во изминатиот период се појавиле повеќе позитивни случаи на корона вирус во населбата Тризла?

Потсетуваме дека општината која ја предводи Јованоски и партискиот огранок на СДСМ со Миле Талески како претседател, во оваа населба неконтролирано делеа пакети со прехрамбени продукти, при што се создаваа гужви.

Почитувани,

На Заев и СДСМ очигледно не им се важни овие прашања и не ги загрижyва дека брзи избори во јуни можат да значат нови заразени од Ковид-19, како и потенцијални нови жртви како последица на вирусот.

На Заев и СДСМ не им е важно што бизнисите колабираат, ниту пак тоа дека над 8.000 луѓе во Македонија досега останале без работа како последица на минорните мерки на Владата.

Овие луѓе се грижат само за нивните фотељи и ништо друго!
ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кога и да се одржат, a дебаклот СДСМ и Зоран Заев ќе го доживеат токму во Прилеп”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.