По повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, делегација на Општина Прилеп предвоена од градоначалникот Борче Јовчески, на Советот на oпштината, претставици на политички партија, на АРМ, здруженија на граѓани и на боречката организација, положија свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу, Могилата на непобедените и спомен обележјето кај месноста Песјобрдце.
Градоначалникот Јовчески го честиташе празникот на прилепчани, а зборуваше и за дел од проектите кои се реализираат во моментов.
Јовчески потенцираше дека во моментов се работи на рехабилитација на влезот во градот од страната на Битола, а спомна дека досега општината во неговиот мандат асфалтирала и рехабилитирала 12км улици.
Тој рече дека општината продолжува да работи со истото темпо и во иднина.