Контроверзните тврдења на професорот Денко Малески кој во својата најнова колумна за “Инбокс7” тврди дека Македонците и Бугарите биле дел од еден народ, дека во СФРЈ македонските власти ги селектирале историските податоци и пишувале Македонци таму каде што пишувало Бугари, беше причина за одговор од актерот Владо Јовановски.
Малески во Колумната за “Инбокс7” вели и дека учесниците на Илинденското востание било бунт што го водело бугарското население.
„Имено, зад нас е времето кога македонската историографија, заштитена од моќната југословенска федерација, можела непречено да врши селекција на историската граѓа за македонската нација, па каде пишувало Бугарин да прешкрта и да напише Македонец. Сега можете да кликнете на интернет, да влезете во архивата на „Њујорк тајмс“ и да прочитате текст од нивниот дописник испратен во 1903, за бунтот на бугарското население во Крушево на Илинден. Значи, ние мораме да се прилагодиме кон историската вистина дека во минатото сме биле дел од еден ист народ”, пишува Малески.
Еве што на тоа му одговори Јовановски:
“Ставовите на Денко Малески во однос на македонците, македонскиот јазик и македонската историја.
Малевски Ти можеше да се охрабриш да ѓи изустиш овие тајни или сознанија, десетлетија наназад, кога како висок македонски функционер во повеќе македонски влади цицаше од д’ржавнита чешма и цицка, а не сега.
На “м’ ртов германец”, нож вадиш!
Денко Малевски, прости ми, ама Ти, д’ржавен функционеру,
Ти си како безкофеинско кафе.
А јас не пијам таква бљувотина.
Пијам чисто македонско кафе, кофеинско и без шекер.
Господ да ми Те помилива, чедо кариеристичко!”
Целата колумна на Малески прочитајте ја ТУКА