Јованоски: “Апелирам матичните стоматолози да се солидарни и да бидат достапни за своите пациенти”

„Земени се 20 нови брисови од граѓани, чиј исход го очекуваме во наредните денови. Гледајќи го развојот на ситуацијата, можно е во следните денови да има нови заразени граѓани со коронавирусот, па од тие причини апелирам до граѓаните на општина Прилеп да ги намалат социјалните дружења. Не значи дека само полицискиот час и неодењето на работа или во кафулиња ќе го спречи ширењето на коронавирусот, туку и дружењето во домашни услови исто така ја зголемува можноста за нови заразени лица. Истовремено упатувам апел и до матичните лекари и стоматолози да бидат достапни за своите пациенти, тоа е нивна обврска, бидејќи на тој начин сомнителните случаи ќе бидат порано детектирани“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.