Бранимир Јовановиќ, еден од основачите на партијата Левица во емисијата “Во Центар” објаснувајќи ги односите во Левица го профилира Апасиев како екстремен политичар кој е спремен да оди спротивно од тоа што го зборува, само заради популарност, и затоа тој нема проблем да седи на слика со лидери на албански партии, иако води наратив кој е анти-албански.
“Опортунист кој сака популарност, кој не знае да води држава, не знае што да прави ако дојде на власт и сака само лајкови” – изјави Јовановиќ во коментира за првиот човек на партијата Левица која според него е екстремна десница.
“Структурите од Велес кои правеа лажни вести за Трамп денес истото го прават за Левица” изјави Јовановиќ во емисијата “Во центар”.
„Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница. Партијата „Левица“ денеска во Македонија е она што е Ле Пен во Франција и она што е „Самоопределување“ во Косово. Тоа е „Левица““, вели Јовановиќ во интервјуто.
Јовановиќ тврди дека проблемот со „Левица“ е што Апасиев ја преземал партијата и се востоличил себеси како претседател: „Ние имавме президиум, ние имавме колективно одлучување, немавме претседател. Тој го укина дури и тоа. Се востоличи себе како претседател“, истакнува Јовановиќ.
Јовановиќ, кој беше член на Централниот комитет на „Левица“, му советува на Апасиев да го смени и името на партијата и да ја прекрсти во „Десница“: „Единствено не го смени името. Треба и тоа да го направи, треба „Левица“ да ја прекрсти во „Десница“ и тогаш ќе си има целосно партија каква што му доликува“, коментира Јовановиќ во интервјуто со Васко Ефтов.
Професорот Бранимир Јовановиќ, последниве години работи во престижниот Виенски институт за меѓународни економски студии.