ЈКП Водовод одлично се справува со летните горештини

Известување до граѓаните на Општина Прилеп од ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА.

-Почитувани граѓани на Општина Прилеп во изминативе неколку денови потрошувачката на питка вода во градот е енормно зголемена, екипите на ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп ја следат состојбата на водоснабдувањето во градот и во овој момент имаме максимален доток на вода, но поради екстремната потрошувачка на вода ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп го зголеми дотокот на вода од регионалниот извор “Студенчица” поради што во некои делови од градот доаѓа до заматување на водата. ВОДАТА е технички и здравствено исправна и за истата секојдневно се прават анализи во ЈЗУ Центар за јавно здравје, моментално матноста на водата е во границите на нормалата и ја следиме заедно со ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Доколку во наредните денови дојде до поголема заматеност на водата ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп ќе излезе со официјално соопштение и препораки до граѓаните на Општина Прилеп.

ЈКП„ Водовод и канализација“ Прилеп упатува апел до граѓаните на Општина Прилеп:

Сепак, имајќи ги во предвид жешките денови, Ве молиме да помогнете да се избегне несовесната потрошувачка на вода, како наводнување на зелени површини , миење на улиците и дворовите со питка вода. ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп упатува повик до сите граѓани на Општина Прилеп каде што се јавува заматување на водата да пријават во ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.