Драган Карлеуша, екс-заменик началник на Управата за криминалистичка полиција, за српскиот весник Ало изјави дека на неговата ќерка, Јелена Карлеуша, и местат замешаност и убиство на новинарот Славко Чурувија.
-Тоа се болни умови, ќерка ми беше во врска со Зоран Давидовиќ Чанда, но тој немаше ни едно кривично дело. Тоа што ќерка ми и Давидовиќ ги вплеткуваат во овој случај е чиста местенка- вели Карлеуша пред почетокот на судењето за убиството на новинарот Чурувија.
Поранешниот шеф на полициската група која го истражуваше убиството, на сведочењето на 28 октомври рече дека според оперативни сознанија до кои дошол во убиството е вмешана Службата за државна безбедност, но тоа не можеле да го докажат.
Адвокатката инсистирала Карлеуша да објасни дали биле споменувани и други имиња освен на обвинетите, вклучително и на Зоран Давидовиќ Чанда.
-Чанда беше ситен криминалец , кој за жал имаше врска со мојата ќерка Јелена. Неколку пати сум го видел и пред овој случај- посочи таткото на Карлеуша.
Тој потоа за весникот рекол дека не е точно дека Јелена била со Чанда во автомобилот кој го следел новинарот пред убиството, онака како што тоа го сведочел сведокот на обвинителството Милован Бркиќ. Дури додал и дека на судењето му се „испуштила“ реченицата дека Давидовиќ бил ситен криминалец, додавајќи дека не сака да изнесува свое мислење за младите со кои неговата ќерка се забавувала.
Чурувија е убиен на Велигден на 11 април 1999 година во Белград, а за убиството Обвинителството за организиран криминал ги терети тогашниот началник на Државната безбедност, началникот на белградскиот центар на државната безбедност и поранешниот главен инспектор на втората управа на државната безбедност.