Александра Трајческа од Прилеп има 12 години. На последното издание на “Пинкови Ѕвездички” таа ја отпеа песната “Моли, моли” од Јована Николиќ. Александра доби 4 гласа и ќе се бори во баражот за понатамошен пласман.
Иако нејзиниот последен настап не беше фантастичен како претходните, сепак Александра доби многу позитивни коментари, а Леонтина ја спореди со Селена Гомез.
– “Ми се допаѓа твојата комбинација, изгледаш како регионална ѕвездичка, како некоја нова Селена Гомез од Балканот. Верувам во тебе. Ти веќе се издвои од останатите во првите кругови и верувам дека ќе се покажеш во баражот”, рече Леонтина за настапот на нашата ѕвездичка.
А.Г.