Моника Бабишова, сопругата на чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој е денеска во посета на Македонија постојано е во фокусот на вниманието на медиумите.
Чехинката со словачко потекло ја опишуваат како жена со чувство за мода, цврст став и манири. Многумина ја споредуваат со првата дама на САД, Меланија Трамп. Но, многумина не знаат дека во своите младешни денови и таа чекорела по модните писти, токму како и Меланија Трамп.
Моника Бабишова има 44 години, таа е 20 години помлада од својот сопруг Андреј и се занимава со дизајн на ентериер.