Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 55-та седница, каде на дневен ред беа 30 точки, каде се разгледуваа и усвојуваа финансиските извештаи за 2025 година на јавните комунални претпријатија и финансиските извештаи на образовните институции.
Опозицијата на стартот ја напушти седницата, со образложение дека не сака да присуствува, бидјеќи информацијата за зимското одржување, како дополнителна точка на дневниот ред предложена од нив, не е ставена на дневен ред.
„Се надевавме дека градоначалникот Борче Јовчески ќе се свести и ќе ангажира повеќе фирми да го чистат снегот. Градоначалникот не не’ удостои со неговото присуство и наместо да биде овде, тој на неговиот фејсбук објавува слики како дели парички.
Заради тоа, нашата советничка група ќе ја напушти оваа седница за побрзо да ја завршите, а потоа со истите лопати од пожарите со кои се сликавте, да излезите и да го исчистите снегот“, порача советникот Никола Мариноски.
Притоа советниците од опозицијата не се изјаснија дали со денешното напуштање на седницата на Советот, се откажаа и од месечните хонорари, кои изнесуваат нешто над 400 евра.
Овие паушали народните избраници во Советот ги добиваат редовно секој месец, за една до најмногу две седници…Па редно и чесно пред граѓаните би било ако не се учествува во работата на некоја седница, да не се трошат и пари за хонорари.