Викендов, џудистите од прилепскиот џудо клуб “Сеишин” од два настапи се вратија со 18 медали и тоа:
На 01.11.2025 во Скопје се одржа Меѓународниот турнир во џудо “Миоки Опен – 2025” за помлади пионери, пионери и кадети. Прилепскиот клуб зеде учество со 16 натпреварувачи, а освоени се 10 медали (1 златен, 2 сребрени и 7 бронзени) и тоа:
1. Елдина Пупаловиќ 1-во место
2. Матеј Јованоски 2-ро место
3. Ангел Стојовски 2-ро место
4. Бисера Јовеска 3-то место
5. Бисера Цветкоска 3-то место
6. Матеја Николоска 3-то место
7. Марко Ацески 3-то место
8. Теодора Илиоска 3-то место
9. Немања Џагадуроски 3-то место
10. Благојче Мантароски 3-то место
Одлични борби прикажаа и Ајла Јеина, Арсениј Димески, Марија Марковска, Дила Пупаловиќ, Тамара Илиоска и Марко Марковски но не успеаја да изборат место на пиедесталот. Екипата ја предводеа тренерите Мартин Ристески и Тони Бурнески.
На 2 ноември 2025 година, во Верија, Грција, се одржа Meѓународниот турнир во џудо во организација на ЏК „Вергина“. Во силна меѓународна конкуренција настапи и Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп, кој блесна со одлични резултати – осум медали од исто толку натпреварувачи.
Младите прилепски џудисти освоија вкупно 8 медали, од кои 3 златни и 5 бронзени:
Златни медали:
1.Марко Андрејевски
2.Петар Ангелески
3.Стефани Ристеска
Бронзени медали:
4. Христијан Бунески
5. Габриел Илиоски
6. Милан Крнче
7. Владимир Крнче
8. Стефан Петкоски
Од клубот истакнуваат дека се особено задоволни од настапот, бидејќи дел од младите натпреварувачи првпат се соочуваат со меѓународна сцена. Тимот го предводеше тренерот Марио Тошески, кој изрази гордост за дисциплината и борбениот дух на своите џудисти.
„Сеишин“ продолжува со интензивни подготовки и веќе за следниот викенд ги очекува нов натпреварувачки предизвик.
            



























