Талија Соди мами воздишки кога и да се појави на црвениот тепих. 47-годишната мексиканска актерка, позната по улогата на „Росалинда“, изгледаше фантастично на забава по повод Греми во Беверли Хилс, Калифорнија.
На свеечноста, убавата телевизиска ѕвезда носеше зелена креација со пердуви од колекција од сопствената модна линија, за која соработува со Macy’s.
Талија беше придружувана од сопругот Томи Мотола.