Колумбискиот пејач Хуан Луис Лондонјо бил ограбен во московскиот хотел „Фор сизонс“ и тврди дека непознати крадци му одзеле накит и луксузни предмети во вредност од 787.000 долари.
Пејачот, познат под естрадното име Малума бил сместен во тој хотел за време на Светското првенство во фудбал.
-Колумбискиот државјанин Хуан Луис Лондонјо поднел пријава до полицијата поради грабеж кој се случил во неговиот апартман во хотелот „Фор сизонс“ во Москва, изјавил полициски извор за агенцијата ТАСС.
Според изворот, непозната личност се претставила како гостин на пејачот и добила дупликат од електричниот клуч.
Руската полиција во моментот води истрага.