По негодувањето на граѓаните, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека градот го откажал настапот на Јелена Карлеуша, која требаше да биде главна ѕвезда на овгодинешниот “Гроздобер”.
-Драги кавадарчани,
Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот Гроздобер 2022 година. По пауза од две години , сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.
Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење.
По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11. септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер.
Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан, а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум.
Кавадарци за сите. И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна – напиша Јанчев на ФБ.