Јаболко на ден, да бидеш здрав како дрен!

Општо познато е колку јадењето јаболки е здраво и добро за човечкиот организам, особено за децата и младите кои се во развој. Јаболките се богати со витамини, влакна и пектин кој освен што е силен актиокисдант, во исто време помага и на варењето на храната. Затоа, секој педијатар препорачува што поредовно конзумирање на јаболки, особено за децата.

Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, на својот фејсбук профил објави интересна вест дека оваа година за 186.000 ученици од 350 основни училишта низ државата, ќе се обезбедат јаболки за здрава ужинка на децата. Имајќи предвид дека деца, како деца, се склони кон конзумирање на брза храна, како и ужинки презаситени со конзерванси, сол и вештачки ароми, воведувањето на македонското јаболко како ужинка може да ги поправи навиките во исхраната на основците и да влијае добро на нивното здравје и имунитет.

Од друга страна, оваа програма е добра вест и за земјоделците, производителите на јаболки. Како и секоја година, така и оваа, на големиот православен празник Воздвижение на Чесниот Крст –Крстовден започна бербата на јаболка, а најавените 20 милиони денари наменети за откуп на македонски јаболки кои ќе се употребат за здрвата ужинка на основците, ќе придонесе за подобри резултати на откупот на јаболки кој ќе се случува во следниот период
Да користиме македонски јаболки и да ги поддржиме македонските земјоделци со зголемена потрошувачка на свежо македонско овошје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.