Голем број жени знаат дека јаболковиот оцет има позитивен ефект врз косата, неговата примена е проверено оружје во борбата против артритисот и болките во зглобовите, а помалку е познато дека е одличен сојузник во негата на лицето!
Ако имате проблеми со кожата, како што се осипи, воспаленија, акни и проширени пори, јаболковиот оцет е идеално решение.
Имено, во овој оцет има алфа-хидроксилни киселини, што ги отстрануваат мртвите ќелии и ја обновуваат кожата. Исто така, го нормализира лачењето на маснотии, поседува антибактериски и антигабични својства, одлично ја осветлува и ја хидрира кожата.
Скапите козметички препарати на познатите брендови за нега на лицето ја содрржат оваа компнента, но во јаболковиот оцет нивната концентрација е многу поголема.
Пред примената, јаболковиот оцет треба да се разблажи со провриена и оладена вода во однос 1:3. Во подготвениот раствор натопете памук и пребришете го лицето пред вообичаеното миење. Ова треба да го правите наутро и навечер.
Со помош на јаболков оцет може да се осветлат пигментираните флеки – едноставно ставете натопен памук на местото на кожата каде имате прекумерна пигментација и оставете да отстои 20 до 30 минути.
Исто така можете да користите оцет од продавница, но за негата а лицето најдобро е да користите домашен јаболков оцет.