Парма вчера во првиот меч од петтото коло во Сериа А на свој терен го совлада Каљари со резултат 2:0.
Најубавиот потег на мечот го направи Жервињо кога претрча 70 метри и го постигна вториот погодок на мечот.
Жервињо со денешниот спринт и дриблинг докажа колку и недостигаше на Сериа А. Со својот продор потсети на легендарниот Роналдињо, кој во многу наврати знаеше да постигне исти вакви погодоци.
Парма е сега на седмата позиција со исто толку бодови, додека Каљари падна на 14. позиција со пет освоени бода.
WHAT A GOAL GERVINHO! HE MAKES IT 2-0 FOR PARMA!pic.twitter.com/whAw2d0P4d
— ItalianFootballTV (@IFTVofficial) September 22, 2018