28 годишниот централен бек, довчерашен играч на германскиот гигант THW Kiel и репрезентативец на Словенија, Миха Зарабец, ќе го пополни и второто празно место на позицијата централен бек, во редовите на европскиот, балканскиот и македонски ракометен шампион РК Вардар.
Како што дознаваме освен Зарабец, Вардар е пред потпис со уште еден играч на левата бековска позиција со што трансфер листата и ростерот за оваа натпреварувачка сезона ќе бидат затворени.