Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја наведува Македонија меѓу трите проблеми што, според него, го „трујат“ регионот и го доведуваат во прашање неговиот напредок.
-Напредокот е доведен во прашање во целиот регион. Јас тоа го објаснувам со две главни околности. Првата се однесува на интересиите на големите сили, кои повторно се судираат на Балканот.
Тоа не е никаква новост: ние во историјата секогаш сме користени како монети за поткусурување во решавањето на проблемите на големите сили.
Другата околност е тоа што од деведесеттите години влечеме три проблеми што го ‘трујат’ регионот: Македонија парализирана од 2008 година, конфликтот на Србија и Косово, чиј краен резултат им е непознат на сите, и нефункционалната Босна и Херцеговина, изјави Ѓукановиќ во интервју за францускиот весник „Ле Фигаро“.
Извор:”Република”