Ѓорѓиевски: Од работа се отстранети 500 лица кои со месеци не доаѓале на работа

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека до денес се отстранети од работа околу 500 лица вработени во јавните претпријатија на градот.

-Тоа се лица кои биле платени од парите на скопјани, но не доаѓале на работа со месеци, па дури и со години, изјави Ѓорѓиевски.

Тој порача дека нема да има толеранција кон неработа и злоупотреби во јавниот сектор.

-Секој што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи, ќе биде санкциониран. Ред во Скопје мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните, јас морам да го заштитам, порача градоначалникот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.