ЃОРЃЕ ИВАНОВ ОДБИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО КАРЛ БИЛТ: Нема потреба од средба со човек кој повикува на агресија врз Македонија!

Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд кој од денеска е во Скопје, утре ќе оствари средби со партиските лидери, но не и со шефот на државата Ѓорге Иванов. Од кабинетот на претседателот велат дека во неговата агенда не е предвидена таква средба. Неофицијални извори пак брифираат дека Иванов одбива средба поради како што велат непринципиелните ставови на Билд и обидите за мешање во внатрешните работи на земјата.

ivanov-7

Претходно Иванов одби да се сретне и со високите претставници на Европската Унија, Федерика Могерини и Јоханес Хан.

Според засега неофицијални информации Билд ќе оствари средба со највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ како и со раководството на СДСМ. Официјална потврда за неговата агенда нема. Тој утринава на Твитер најави дека патува кон Скопје.

– Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка, наведува Билд, кој е поранешен европски пратеник на Балканот. Карл Билд сега е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.

Карл Билт, екс-премиерот на Шведска и висок претставник во БиХ на 22 Март оваа година, во сопствен авторски текст, повика на распоредување на трупи на ЕУ и НАТО на територија на Македонија со што би се ставило до знаење дека кои ќе одржат воени вежби и ќе и покажеле на Русија дека ЕУ е сериозна во врска со геополитичките интереси на овој простор.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.