Пратеникот Влатко Ѓорчев по повод Бадник и Божиќ беше во Бигорскиот манастир, во Струмица, во Тетово и во Скопје.
Во Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител Ѓорчев оствари средба со игуменот Архимамдритот Партениј и монасите, а потоа со повеќе стотици верници присуствуваше на бадниковата изведба на етно составот “Љубојна”.
Во Тетово Ѓорчев присуствуваше на концертот на хорот “Менада” во црквата Св. Кирил и Методиј, заедно со владиката Јосиф од Полошката тетовско – гостиварска епархија.
Истиот ден, пратеникот Ѓорчев ја посети црквата “Успение на Пресвета Богородица” во Струмица, посакувајќи им честит Божиќ на верниците.
Заедно со сопругата и децата Ѓорчев присуствуваше на Божиќниот концерт и претстава пред црквата Св. Димитрија во Скопје, како и пречекот на Бадниковата поворка во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.
Ѓорчев им посака на верниците честит Божиќ, со желби за љубов, мир и здравје, со традиционалниот божиќен поздрав: Христос се роди!