Ѓорчев: “Му се одмаздувате на Димовски оти не гласаше за уставните измени”

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска одлучува по барањето за одобрување притвор на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, Одделение за организиран криминал и корупција.

За пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ова е класична ситуација како многу пати во историјата, каде оној што се претставува како спасител станува насилник, мислејќи на пратеникот Павле Богоевски и дел од Шарената револуција.

Ѓорчев вели дека ова е одмазда кон Димовски зошто не гласал за промена на уставот.

Сите знаеме дека Љупчо Димовски имал понуди да гласа за уставните измени во замена да нема политички прогон, порача Ѓорчев потенцирајќи дека власта се одмаздува бидејќи Димовски ја почитувал волјата на граѓаните изразена на референдум, а дека притисоци трпеле и други пратеници.

ВИДЕО: “TВ 21”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.