На вчерашната седница за пратенички прашања имаше жестока дебата помеѓу премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Дебатата беше за повеќе прашања кои се од суштинско значење за граѓаните на Република Македонија.
Ѓорчев до Заев: Престанете да бегате од ТВ дуел со Мицкоски, затоа што бевте поразен во првиот
Одважете се и одете на ТВ дуел со Мицкоски, кажа Ѓорчев обраќајќи се кон Заев.
Автопатот Охрид – Кичево го плаќате дополнителни 200 милиони евра, а постапката оди без тендер
– Сугарески 5 години зборуваше дека премногу е да се потрошат 400 милиони евра за Автопатот Охрид – Кичево. Што прави вашата влада не 400 уште 200 милиони евра, 600 милиони евра ќе чини автопатот. Овие 200 милиони евра нема да одат преку тендер, констатира Ѓорчев.
Господине Заев, Македонија се гуши, а Вие, Шилегов и Марин не преземате ништо
Ѓорчев од говорница ја критикуваше сервилноста на владата во однос на загадувањето кое што руши рекорди, а главниот град Скопје го рангира меѓу најзагадените во светот.