Ѓоковиќ со интересна изјава го „запали“ регионот: Македонците ги гледам како свои

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е ју носталгичар, вели дека спортот треба да биде надвор од политиката и тој ги сака сите земји од поранешната федерација.

Ѓоковиќ во минатото често знаел да им даде поддршка на хрватските спортисти, особено тоа беше нагласено за време на фудбалското Светско првенство во Русија кога отворено ги поддржа Модриќ, Ракитиќ и останатите.

Тој вели дека политиката треба да се тргне на страна, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина ги гледа како свои.

„Свесен сум за политичката ситуација и знам дека раните од војната се свежи за многу луѓе. Се молам за сите кои се уште имаат последици од таа војна, но силно верувам дека спортот треба да биде надвор од политиката. Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина се нашите први соседи и јас ги гледам како свои. Знам дека многумина ќе бидат навредени од ова што го зборувам, но ги разбирам и нив и ги почитувам, само го кажувам моето мислење“, изјави Ѓоковиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.