Во разговорот на Новак Џоковиќ со Фабио Фоњини имаше доста шеги, но се допреа и главните теми во светот на тенисот, односно за помагањето на понискорангираните тенисери.
Фоњини го праша Новак дали е тоа негова иницијатива и како планира да ја спроведе.
– Добрив многу позитивни коментари од играчите, но ова не е само моја иницијатива. Имам привилегија да го искористам мојот статус за да ја подигна свеста дека играчите имаат финансиски проблеми. Јас лично заработив доволно пари да не морам уште долго време да играм со заработка, но има многу тенисери кои не се во иста ситуација. АТП отвори Фонд за играчите кои ќе добиваат средства од сите страни. АТП ќе ги добие парите за кои не смеам јавно да зборува, а и самата организација ќе допринесе. Ќе има неколку милиони долари за тенисерите.
Тоа е само од овие седум организации, може и играчите сами да помогнат. Разговарав со Рафа и Роџер за да направиме модел колку играчите би требало да донираат во однос на нивниот ранкинг. Тешко е да ги натерате тенисерите да дадат пари, па ги повикувам сите кои сакаат тенисот да преживее, да донираат пари. Уште не сме свесни колку тенисот се мачи. Сакаме да им покажеме и на понискорангираните дека ние сме тука за нив. Мислам дека наскоро ќе има многу регионални турнири, но не знам што ќе се случува со kapaнтинот во различни држави”, изјави Новак.
Да потсетиме дека Ѓоковиќ донираше и еден милион евра за болниците во Бергамо.