Ѓоковиќ е супер-човек – веќе тренира со полна пареа и можно е да игра на Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, само неколку недели по тешката операција на коленото почна да тренира со полна пареа, поради што се погласни се шпекулациите дека тој би можел да настапи на Вимблдон, кој почнува следниот понеделник.

Српскиот ас објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа дека освен трчање и вежбање, веќе стапна и на теренот и тоа на бетон во Црна Гора, каде што се наоѓа во моментов.

„Ми недостасуваше тенискиот рекет. Продолжувам да ја градам форма, од ден на ден сум се посилен“, напиша популарниот Ноле и ги израдува навивачите.

Бидејќи избра бетон како подлога за тренирање, веќе има индикации дека Ѓоковиќ ќе се обиде да настапина Вимблдон (1-14 јули). Тој го повреди менискусот на мечот од четвртото коло на Ролан Гарос против Аргентинецот Франциско Серундоло, а потоа беше опериран на 5 јуни. Новак од понеделник ќе биде втор на АТП листата, по вчерашниот пораз на Карлос Алкараз на турнирот во Квинс, каде што ја бранеше титулата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.