Градска река во населбата Ѓогдере во Прилеп
Наместо уредено и чисто речно корито како што доликува на град во 21 век, во Ѓогдере има вистинска џунгла.
Граѓани реагираат на ваквата слика и бараат општинските власти веднаш да се ангажираат и да го средат коритото на Градската река.
Тие велат гласавме за поубав, почист и современ Прилеп, а не за џунгли и змијарници во нашата населба.