Оваа шума е популарна меѓу планинарите и љубопитните луѓе, иако постои легенда дека ретко кој излегува жив од неа.
Во подножјето на планината Фуџи во Јапонија се наоѓа мрачната и густа шума Аокигахара. Таа е место на ужасот и е уште позната како “море од дрва” и “шума на смртта”. Властите секоја година таму пронаоѓале над 100 тела, главно на луѓе што се обесиле, ова се повторува од 1971 година.
Потврдено е дека тоа е место на кое Јапонците најмногу вршат самоубиства, а зошто е тоа така, никој не знае. Жртвите најчесто се мажи во средни години.
Ф.Г.