Фудбалскиот клуб од прилепско Големо Коњари, го претстави првото поголемо засилување за новата сезона.
Боите на новиот второлигаш ќе ги брани искусниот Зоран Даноски познат како Шукер. 34-годишниот напаѓач кој зад себе има богато искуство како на домашната сцена, така и во странство, ќе биде одлично освежување во тимот кој ќе го предводи Јовица Блажевски.
Даноски во својата кариера настапуваше за екипите на: Металург, Победа, Кожув, Тиквеш, Брегалница, како и за Баник Мост и Прибрам во Чешка, Интер Запрешиќ во Хрватска, екипата на Ѕвезда 09 во БиХ и Младост, Нови Пазар, Радник и Пролет во Србија.
Фудбалските вљубеници веруваат дека богатата кариера на Даноски ќе се одрази врз мотивот на останатите играчи и дека тој ќе биде вистински лидер во тимот.