Околу 170 просветни работници од Прилеп, незадоволни од Одлуката на Регионалниот одбор на СОНК, а која била донесена уште во февруари годинава, и со која, наводно им било забрането зачленувањето во постоечката синдикална организација, на денешната прес-конференција обелоденија дека тие, в понеделник, немало да учествуваат во најавениот штрајк на СОНК, односно дека редовно си се враќаат на своите работни места – пренесува порталот “Три.мк”
Според нив, со ваквата Одлука на Регионалниот одбор, односно на неговиот претседател, Златко Думбалоски, тие биле ставени во дискриминирачка положба, бидејќи според Законот за работни односи, чл.185 – „Работникот слободно одлучува за своето стапување и истапување од Синдикатот“.
Меѓутоа, она што зачудува во целата оваа работа е зошто овие, претежно млади, нововработени просветни работници, на ваквата Одлука на Регионалниот одбор, која е стара шест месеци, реагираат дури сега, непосредно пред одржувањето на закажаниот штрајк кој треба да се одржи на 2-ри септември, иако, за волја на вистината, нивното оправдување беше дека тие, наводно дури сега дознале за неа ?! Исто така, претставникот на групата просветни работници, наставникот во одделенска настава, Горан Аврамоски, денеска не знаеше точно да одговори на новинарското прашање што добиваат, а што губат со тоа што тие не се членови на Синдикалната организација, освен што им е нарушено со Устав загарантираното право за членство во синдикална организација – пишуваат од порталот.
Целиот текст прочитајте го ТУКА