Портокалите се богати со витамини -Ц, Б и А, а содржат и калчиум. Витаминот Ц делува како силен антиоксиданс. Полседните студии покажуваат како магнезиумот во портокалите го намалува крвниот притисок.
Високата концентрација на хесперидин, кој во изобилство го има во цитрусите, го намалува лошиот холестерол.
Портокалот е исполнет со витамин Ц кој помага во зајакнување на имунитетот, особено за време на студените зимски денови кога сме подложни на настинки и виpycи. Освен тоа, високата концентрација на калциум го штити здравјето на коските и забите.
Фолната киселина и фолатите кои ги има во портокалот ја подобруваа работата на мозокот и ги одржуваат внатрешните органи во добра состојба.