Садио Мане во 2016 година пристигна како засилување во нападот на Ливерпул од редовите на Саутемптон, и од тогаш до денес е еден од најдобрите поединци во редовите на актуелниот европски шампион.
Една негова изјава за медиумите зборува за тоа каков човек е Сенегалецот.
“Зошто би посакал 10 ферарија, 20 дијамантски часовници, 2 авиони? Што ќе ми се сите тие предмети мене и на светот?
Бев гладен и морав да работам во полињата, преживеав тешки времиња, играв фудбал во најтешки услови, немав образование, но денеска благодарение на фудбалот јас можам да му помагам на мојот народ.
Градам училишта, стадиони, донирам облека, храна за најсиромашните. Покрај тоа давам по 70 евра месечно на сите луѓе кои живеат во сиромашните делови на Сенегал што допридонесува за економијата.
Мене не ми требаат луксузни автомобили, куќи, авиони и патувања ширум светот. Јас повеќе сакам да им помагам на другите на основа на она што животот ми пружи”, изјавил во една прилика одличниот крилен напаѓач на Ливерпул.