Некогаш одамна се верувало дека жените кои немаат активен сексуален живот патат од хистерија. Оваа теорија покасно е отфрлена, но многу се говори за тоа дека редовниот сексуален живот допринесува за добро физичко и ментално здравје на жената.
Хистеријата е вид неуроза кај која се доминантни различни телесни сензорни, моторички и ментални пореметувања со психотично потекло, како што се напад на смеење и плачење, експресна раздразнетост, анксиозност, забрзана работа на срцето, мачнина, болки во различни делови во телото.
Пореметувањата од хистерична природа прв пат се приметени кај младите жени во античка Грција. Долго се верувало дека од хистерија патат само жените, меѓутоа таа болест може да се појави и кај двата пола. За лечење на хистеријата многу лекари користеле масажа на карлицата и гениталиите.
Оваа пракса е користа во Викторијанското време, а во почетекот на 19 век се проширила на делови од Европа и САД.
Покрај масажа, хистеријата се лечела и со вибратор, кој се појавил на крајот на 19 век.
Апстиненцијата и неправилниот сексуален живот може да биде свесно или несвесно избран, присилен или доброволен и да зависи од здравјето на телот, психата и душата на жената. Нередовниот сексуален живот и апстиненцијата е штетна. Таквата апстиненција штети на физичкото и менталното здравје, а тогаш трпи и телот.
Во отсуство на партнер на жените со нормален сексуален апетит експертите им препорачуваат мастурбација.