Што се случува на Широк Сокак: Битолчани се жалат – сите кафулиња затворија

Битолчани се жалат дека им пропаѓа најпопуларното шеталиште, „Широк Сокак“
Велат дека не знаат од кои причини но во последниве месеци, трите најпопуларни кафулиња ставиле клуч на врата. Последно, како што јавуваат локалните битолски портали, затворило кафулето „Конект“.
Претходно, во краток временски период, клуч на врата ставиле и кафулињата Инстинкт“ и “Игучи“
 со што значително се намалила понудата за забава и разонода на една од најпопуларните пешачки улици во Македонија.
Битолчани велат дека се најавува затворање на уште едно популарно кафуле во градот во наредните неколку недели.

Извор : прес24




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.