Неофицијално, според извори од Kомбинатот, прилепскиот гигант се’ уште ги нема откупено договорените количини на тyтyн.
Што се крие зад ова се’ уште не се знае, имајќи во предвид дека овој Kомбинат ја има и поддршката од Владата за да ги откупи предвидените количини.
За споредба, во 2016. година Kомбинатот откупи 2.700 тони тyтyн, а тогашното раководство беше обвинувано за неспособност, додека сегашниот менаџерски тим се мачи да откупи 2.000 тони тутун.
Дали оваа година причината за ова е повисоката цена што треба да биде исплатена, или нешто друго ќе се знае за брзо време.