Што се случува во Областа 51: Во мистериозна база се којдневно слетуваат патнички авиони од типот “Боинг 737” (ВИДЕО)

1

Областа 51, најголемата тајна воена база на САД во пустината во Невада, за многумина е голема мистерија. Во оваа база нешто чудно се случува во последниве неколку дена, бидејќи во  базата секојдневно слетувале патнички авиони од типот “Боинг 737”.

Авионите на новата компанија “Џенет” без никакво лого од аеродромот во Лас Вегас, секојдневно одат само на едно место –  во Областа 51.

За овој лет не е возможно да се купи карта, ниту на аеродромот во Лас Вегас може да се добијат било какви податоци.

Со години кружат гласини дека во оваа база се вршат испитувања над НЛО летала, а оваа мистерија е само една од многуте кои се поврзани со ова место.

Постојат некои поединечни изјави и различни видувања за чудни појави во околината на  базата.

За постоењето на  базата војската признала дури во 2005 година.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.