Што се случи со прилепското вовче? Летото е во полн ек, а најмалите се’ уште го чекаат среќното ѕвонче пред “Реклами” (ФОТО)

Летото е во полн ек, а најмалите во Прилеп се’ уште го чекаат вовчето на кое со години му се радуваа и уживаа во возењето низ градските улици со своите родители, баби, дедовци…

Никој засега не знае што се случи со туристичкото вовче и дали воопшто ќе сообраќа летово.

Најмалите се надеваат дека ќе го слушнат среќното ѕвонче пред “Реклами” и ќе потрчаат за да фатат место.

Минатата година вовчето почна да сообраќа од 04. јули, а работното време му беше од 17 до 22 часот, секој работен ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.