Што се поседувал Синан Сакиќ – Еве колку деца имал, колку станови, куќи и луксузни автомобили

Пејачот Синан Сакиќ почина на први јуни годинава во семејниот стан во Белград по кратко боледување.

Но откако пејачот беше погребан започна да се одмотува клопчето за односот во неговото семејство.

Синан инаку прв пат се оженил по полнолетството и од тој брак има две деца, Радиша и Медо. Вториот брак го вклучил во 1981 година со Сабина со која ги имаат ќерката Џукица и синот Ален. Неговата сопруга Сабина инаку од првиот брак има два сина Ернест и Елвис.

А секој посебно од неговите наследници би требало да добие некој дел од наследството на пејачот кое според шпекулациите е огромно.

Во јавноста се зборува и дека легендата за една вечер знаел да прокоцка и 50 илјади евра, сума која ја заработувал за помалку од месец дена, а правејќи еден концерт на Синан му биле доволни за да купи стан.

Но засега она што е познато е дека неговата сопруга ќе го наследи станот во Белград кој има преку 100 квадратни метри, семејната вила во Лозница, куќа во Тузла и наводно уште два стана во Белград и едниот во Сараево.

Синан поседувал и куќа во Индија која ја купил бидејќи ја сакал таа земја како и стан во Виена и Дизелдорф.

Од друга страна Синан беше љубител на убавите автомобили и поседувал минимум пет луксузни автомобили кои сега стојат паркирани во гаражата во Лозница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.