Што прави мечка кога ќе го види Путин? Неговиот портпарол открива какви безбедносни мерки биле преземени за време на летниот одмор на Путин (ВИДЕО)

Портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Пешков, раскажал за обезбедувањето на рускиот лидер за време на неговото патување во Тува/

“Дивина, таму живеат мечки, дури и обезбедувањето се наоружува како што треба и го носи целото тоа оружје со себе, затоа што тоа е дивина и недопрена природа”, рекол Пешков за телевизискиот канал “Русија 1”.

Според неговите зборови, навистина се применуваат сите безбедносни мерки.

“Па самите замислете, мечката не е сигурно будала, ако го види Путин, секако дека ќе се однесува пристојно”, се пошегувале Пешков. Портпаролот потсетил дека патувањето во Тува било динамично.

“Шетаа по планините доста долго, до 5 часа, на надморска височина од 1800 метри, односно на речиси два километри . Таму тешко се дише. Долго одење, а до горе се патува еден час. Тоа е огромен физички напор”, додал Пешков.

“Иако се најплашливите животни на светот, дивите кози кога го видоа Путин не побегнаа. Продолжија да пасат и веројатно го препознаа”, се пошегувал повторно портпаролот на Путин.

Претседателот на Русија, Владимир Путин го помина минатиот викенд на Јенисеј во Тува. Рускиот претседател за време на двата дена го придружувале директорот на ФСБ, Александар Бортњиков и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.