Што порача актерот Ванчо Петрушевски на протестите на „За заедничка Македонија“? (ВИДЕО)

Денеска почина великанот на македонскиот театар, актерот Ванчо Петрушевски, но аманетот кој тој им го остави на граѓаните е голем колку неговите животни дела.

Тој беше човек чие срце чукаше во седум осмини, човек кој ја носеше Македонија во своите гради кој секогаш беше тука за својата татковина кога беше најпотребно. Во еден од своите говори на протестите на Заедничка Македонија, протести од кои дел беше и самиот Петрушевски, тој остави аманет на граѓаните да ја браната и чуваат Македонија, сите сплотено под боите на македонското знаме.

-Јас сум роден овде во Македонија, тука биле моите прадедовци нашите татковци, треба да живеат и нашите синови. Дојде време за одбрана на унитарна и заедничка Македонија. Дојде време да станеме сплотено сите под знамето на Македонија. Ова се последните мигови кога можеме да ја одбраниме Македонија, таква каква што ни ја оставија нашите предци. Веќе не се работи за политичка партија за политички кариери за функции ова е многу поважна работа, се работи за нашата Македонија.

Очигледно Петрушевски уште тогаш бил пред времето и бил свесен за она што ја чека нашата држава во наредниот период, а неговиот аманет не одекнувал никогаш погласно како во овие најтешки моменти за Република Македонија.

Во својот говор на 29.02.2017 тој истакна „Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана и очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и посакува иднина да се приклучи кон нас. Еднаш засекогаш да се знае дека седење настрана нема. Потребна е акција немаме друга татковина и сите заедно треба да се за Македонија“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.