Што ли се cлyчyва со Вардар? Летoнcкиот џин си зaмина и има нов клуб

Летонскиот џин како што го нарекуваат, Данис Криштопанс, повеќе не е дел од Вардар.

Криштопанс се сели во германскиот Фуксе Берлин, а информацијата ја потврдија и од клубот.

215 сантиметри високиот десен бек во Фуксе Берлин ќе се задржи до крајот на сезоната, затоа што од претходно се знаеше дека во следната сезона ќе настапува за ПСЖ, кај поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез.

Криштопанс ќе дебитира веќе во недела на натпреварот против Магдебург на Филип Кузмановски.

Нов клуб од неодамна најде и Шишкарев, а Германецот Дисингер рече дека само чудо може да го задржи наредната сезона во вардаровите редови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.