Доаѓањето на Кристијано Роналдо е веќе извесно, Јуве има уште многу планови, а во напаѓачкиот дел од тимот би можел да биде уште посилен наредната сезона.
Нов член во редовите на “старата дама” би можел да биде и фантастичкиот Уругваец Едисон Кавани. Фудбалерот на ПСЖ му порачал на раководството на францускиот клуб дека сака да си замине, а тие би можеле да му ја исполнат желбата.
Бјанконерите се подготвени веднаш да реагираат и да го доведат во своите редови, но огромна конкуренција ќе им прави Наполи, клубот во кој “Ел Матадор” веќе играше во минатото.
Порано Кавани тврдеше дека Наполи е единствениот тим за кој би играл во Италија, но фактот дека може да игра со Кристијано Роналдо во Јувентус, би можело да го промени неговото мислење.
Ако дојде во Торино, Јуве напаѓачки би изгледал навистина спектакуларно и тешко дека некој би можел да го запре.