Што им подари кралицата на Хари и Меган за свадбата – била прилично дарежлива

Иако кралскиот пар треба да се откаже од поголемиот број свадбени поклони во вредност од 8 милиони фунти, а кои ги примиле од непознати дарители и компании, еден поклон, оној на кралицата Елизабета II, ќе остане во нивна сопственост.

При изборот на својот поклон, кралицата Елизабета на својот внук и неговата сопруга одлучила да биде прилично дарежлива. Таа им ја подарила куќата “Јорк Котиџ” на имотот во Сандрингем. Поклонот е околи 800 хектари земја, површина на која се простира овој имот – објавуваат британските медиуми.

Имотот кој датира уште од времето на кралот Едвард VII, кој куќата ја купил за својот син, кралот Џорџ V во 1893 година, располага со 240 хектари јавен парк.

Хари и Меган моментално живеат во куќата во Нотингем која е сместена на просторот на Кенсингтон палатата, а својот нов дом ќе го користат за одморалиште.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.