Што има на нејзиното мени за јадење? Еве која е тајната за прекрасен изглед на Моника Белучи

Филмската дива Моника Белучи и во 55 година од животот ги привлекува погледите. Изгледа одлично, а за нејзиниот изглед како што вели италијанката заслужен е режимот на исхрана. Не вежба бидејќи тоа не е во согласност со нејзиниот начин на живот.

-Јас сум како зрела круша. Многу слатка и сочна. Одењето во теретана не е во согласност со мојот начин на живот. Да станам во пет наутро за да почнам да вежбам во теретана во шест? Не доаѓа предвид – вели Белучи.

Единствено нешто што го практикува Белучи е пливање, трчање на лента и јога. Четири пати неделно плива по 45 минути и уверена е дека тоа е најдобар начин за добра линија и здраво тело. Повремено оди на кик – бокс.

Еве го нејзиниот режим на исхрана

Ден 1

Појадок: 150 мл природен јогурт со јаболко

Ручек: 200 грама говедско месо, 200 грама зелена салата од зеленчук со 1 лажичка маслиново масло, едно парче пченкарен леб

Вечера: 150 грама ориз со една лажица маслиново масло и 50 грама рендан кашкавал, 150 грама салата од зеленчук

Ден 2

Појадок: шолја кафе без шеќер, тост и овошен мармалад

Ручек: омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквици, 1 парче интегрален леб

Вечера: 150 грама варено месо

Ден 3:

Појадок: една шоља зелен чај со лимон, тост со мед, грејпфрут

Ручек: 200 грама варен или печен компир, 100 грама сирење со ниска количина масти

Вечера: 170 грама шпагети со маслиново масло и домати, овошје

Ден 4:

Појадок: Јогурт со ниска количина масти со две лажици мед, 40 грама сирење

Ручек: 100 грама варен ориз, 100 грама тиквици, 100 грама говедско месо

Вечера: овошје, 200 грама риба, салата со маслиново масло, 1 парче леб

Ден 5:

Појадок: Чаша цеден сок, крекери

Ручек: 100 грама шпагети, зелена салата, портокал или грозје

Вечера: 250 грама зеленчукова салата со грав, овошје

Моника Белучи е висока 173 сантиметри, а тешка 58 килограми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.