Koрисна информација и акција која ја започнаа од “Charcot Marie Tooth Macedonia”. Прочитајте и ќе научите кога не треба да ocyдувате пред време.
“Колкумина од вас го знаат значењето на лентата со сончогледи. Сигурна сум многу малку. Сончогледовата лента не е нов тренд, инициран од некаков псевдоинфлуенсер. Тоа е симбол што се користи претежно на фреквентни места (железничка станица, аеродроми, итн.) за дискретно предупредување на вработените дека патникот може да има посебни потреби.
Ако видите мајка како го носи овој симбол во супермаркет, и држи дете за рака, тоа може да значи дека детето има невидлива попреченост.
Тривијални нешта, како чекање во ред, може да биде невозможно едно дете со аутизам да ги разбере. Ако видите дека некој носи видлива лента со сончоглед, значи дека таа личност или лицето кое го придружува може да има скриена попреченост, физичка или психичка.
Можеби откако ќе го прочитате овој совет, ќе ги пропуштите тие лица во редот пред Вас. Можеби ќе им оставите малку повеќе простор. Можеби ќе им пружите повеќе разбирање. Или можеби доколку сакате ќе ја споделите оваа информација”.