Што значат психолошките тестирања и што се’ може да се открие преку нив

ACT-pictur-for-Journalism-2-e1490977552826

Психолошките тестови се посебен вид на тестови, создадени да на веродостоен начин измерат одредена појава. За разлика од наводно психолошките тестови кои можете да ги најдете на скоро секој веб портал или списание, психолошките тестови можат да ги задаваат и толкуваат единствено психолози. Задавањето и толкувањето на овие тестови е комплексно и бара посебна дополнителна обука наменета само за психолози. Толкувањето на резултатите на овие тестови не зависат од субјективната и слободна проценка на стручњакот, туку постојат правила и стандарди според кои истите се пресметуваат и толкуваат.

Со психолошките тестови многу веродостојно може да се процени интелигенцијата кај деца и возрасни, цртите на личноста или пак присуство на некое сериозно ментално преметување. Исто така постојат тестови кои можат да откријат проблеми со перцепцијата, неуро – психолошки тестови, односно проценка на мозочни оштетувања или други оштетувања на нервниот систем. Проективните техники се користат за увид во несвесната динамика и нејасните мотиви на личноста.

psiholosko-testiranje

Психолошкото тестирање може да биде направено по барање на самиот клиент, психотерапевт, лекар или друг стручњак. Клиентите можат да имаат различни причини за одредени видови на психолошко тестирање како на пример, желбата да го дознаат сопствениот коефициент на интелигенција, која професија им е најсоодветна, несвесни желби и мотиви, итн. Психотерапевтот може да побара психолошко тестирање за да може да донесе соодветна одлука за примена на адекватнана вид на психотерапија или пак за да може да стекне детален увид во природата на клиентот пред да започне со терапија. Понекогаш тестовите се користат во текот на терапијата за подобар терапевтскиот напредок. Тестовите може да ги побараат и работодавачите за проценка на кандидатите за одредено работно место како и лекарите за да можат да ја исклучат психолошката причина за одредени тегоби кај нивните пациенти.

1234567

Здружение Тренинг центар за личен развој , комуникација и советување ЛУНА-ТРИНИТИ

luna-logo-e1489343865962




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.