Што е тоа што мажот прво го забележува кај жена, а не е физичкиот изглед?

Она што прво го забележуваме кај спротивниот пол секогаш е физичкиот изглед, или барем детаљ од сѐ тоа. Но, што е тоа што еден маж прво забележува кај една жена, а нема никаква врска со физичкиот изглед?

Стручните лица и познавачите ги издвоија трите најбитни работи што еден маж ќе ги забележи кај една жена, кои немаат врска со физичката убавина.

Страст

Притоа, овде не се мисли на страста в кревет. Жените кои ја пронашле својата цел во животот на којашто се посебно посветени, се посебно привлечни за машкиот пол. Тоа може да биде работата, хоби или што било што ја прави среќна , па таа едноставно зрачи кога говори за тоа.

Изразете ја својата единственост и оригиналност и не се трудете да покажете колку сте слични нему, туку колку се сакате себеси.

Автентичност

Многу жени при стапување во љубовна врска ги жртвуваат своите погледи, ставови и сништа за да „се вклопат“ со оние на својот партнер. Тоа најчесто е погрешен начин за обид да го задржите, и сигурно нема да Ве направи посреќна во животот.

Цврстиот став, уверувањата, одлучноста и решителноста е тоа што Ве чини единствена, посебна и силна.

Женственост

Денешниот начин на живот често укажува на исклучителната важност на самостојноста, напорната работа и вреднувањето. Важноста на овие нешта е неспорна, меѓутоа кога жената ќе почне во сѐ да ја презема иницијативата и главниот збор, одлуките треба да се донесуваат во согласност со партнерот и – да му дозволите, барем малку, да Ве разгали… За заедно да го решите проблема.

Дозволете му да Ви отвори врата или да Ви го подаде капутот при облекување. Просто, покажете ја и својата понежна страна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.