На 18.09.2021 во 02.45 часот кај с.Егри, битолско, полициcки cлyжбеници од Полициcката станица за Гpaничен пpeмин Меџитлија ги лишиле од cлобода Р.М.Л.А.(26) и Л.С.Б.Л.(26), двајцата од Куба.
Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17.09.2021 илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија.
На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години.
Тие ќе бидат предадени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка – информираат од МВР.
Инаку дневните билтени на МВР во изминатите две години вријат со вакви вести за приведени илегални државјани на Куба во Македонија.